Could not display the flash because does not appear to exist.

Притворите траат предолго, тврдат од “Сите за правично судење”

31.03.2011 - 15:51 |

За Маневски позитивна пресвртница. За невладините застој. Каква е сликата за македонското судство на неговиот 66ти роденден?

Министерот за правда смета дека судовите денес се поефикасни, подостапни и потранспарентни во споредба со периодот пред 5 години.

Маневски гледа напредок во бројот на решени предмети минатата година- за 53 % повеќе од 2009та. За 30 % бил намален и бројот на стари, заостанати судски случаи. Легислативата е збогатена за 142 закони.

Електронското судство, канцелариите за односи со јавност, системот на кариера, според Маневски се реформи кои и допрва ќе даваат позитивни резултати.

И за претседателката на Судскиот Совет работите одат напред. Но тешко било за оние од надвор да видат, како судството напредува.

Според Коалицијата за правично судење која врши мониторинг на процесите во судовите, работите стојат во место се уште постојат сериозни слабости- Притворите траат долго, истрагите се нецелосни, казните се минимални, добиваат и полаки за непотизам и корупција.

Дел од случаите се завршуваат експресно, но има и такви на кои не им се гледа крајот.

За достигнувањата од 2006та до денес  но и предизвиците за македонското судство, министерството за правада ќе издаде книга на повеќе од 700 страници. Роденденот на судството  ќе се прослави идната недела- денеска се сади иднина а не се дели правда.

Славица Арсова

 

Се вчитува...

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk