Пратениците расправаат за интерпелацијата за Јанкулоска

30.07.2010 - 18:47 |

На денешната интерпелација за министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, се води жешка расправа во Собранието. Опозицијата обвинува дека МВР е главниот трошок на буџетот, има ексклузивно право да прислушува граѓани, а министерката предвреме пресудува за инцидентот од 1-ви јули.

Наспроти ова, Јанкулоска се заблагодарува за интерпелацијата и смета дека ќе биде вистинска можност за реално да се претстави ситуацијата во која како што вели службено лице беше нападнато од страна на пратеници од опозицијата.

“Денес имаме министерство за внатрешни работи кое е главен трошок на буџетот на Република Македонија, може да нема пари за стечајци, земјоделци, градежници ама за набавки во МВР колку сакаш. Денес МВР е главниот двигател на бруто домашниот производ. Под закрила на класифицирани информации се врши масовна злоупотреба и се гази законот. Вчера господинот Петковски спомена нов податок 2,5 милиони евра за муниција како да сме браникот на периферијата на Багдад“, обвини пратеникот на СДСМ Јани Макрадули и додава дека наспроти ова МВР нема пари да за плати на полицајците и дневници од ноќните смени.

Според опозицијата,  денес имаме МВР за кое јавниот обвинител вели: Законот за електронски комуникации го привилегира МВР да може да ги прислушува граѓаните, МВР има ексклузивно право да може да врши следење на комуникациите сите, а за евентуалниот криминал внатре во МВР никој неможе да гарантира.

“Да бидеме реални никој не е имун на криминал“, потенцираше Макрадули.

Во врска со инцидентот што се случи во Собранието, опозицијата смета дека Јанкулоска предвреме ги осудила пратеници кои беа инволвирани во тој случај.

 “Министерке сигурно ќе мафтате со фотографии и ќе кажувате дека ве нема на ниту една слика но, ако погледнете подобро ќе видите дека ве има, ве има министерке и зад камерата и внатре во мобилниот, под скалите и над кабинетот на претседателот, вас од МВР ве има во животот на сите нас. Вас ве има како мирудија во секоја недемократска манџа во која се кршат основните човекови права и слободи веќе четири години во Република Македонија“, рече Макрадули и остро потенцираше дека упадот на полиција во нормална демократија значи оставка за една влада.

Наспроти ова, министерката рече дека за жал изминатиов период  сме биле сведоци “дека не сите ја сфаќаат демократијата како борба на идеи, на визии и на аргументи, а  неколкумина промовирале и насилничко, примитивно однесување, покажувајќи дека во нечии размислувања не само што интелектуалната дискусија има алтернатива, туку примената на брутална сила е супериорна во однос на примената на зборот“.

“За ваквите поединци ниту можам, ниту сакам да оддадам почит. Нивните визии за промоција на насилството како начин на дијалог, претставуваат срам за нив лично, но уште потрагично, претставуваат срам и за највисокиот законодавен дом. Физичките пресметки кои ги видовме се понижување и за граѓаните кои гласаа и за демократијата во Република Македонија која макотрпно ја градиме. Затоа ваквото однесување наместо почит, заслужува најостра осуда, бидејќи се друго може да се протолкува како охрабрување“, рече Јанкулоска.

Интерпелацијата  на министерката работи е во тек , ставовите на владејачкото и опозиција се повеќе се споритвставени.

Нетпрес

Александар

Благодарам,не!.Немојте да не малтретирате нас,лојал
ните граѓани на Македонија,со непродуктивни,конфуз-
ни ,примитивни,брутални и некултурни расправи-трак-
тати во кои “доминираа“ Бучковски,Макрадули и Бен-
девска.Го деградиравте и дезавуиравте дигнитетот и кредибилитетот на Македонскиот Парламент!.Немате
ексклузивно право на тоа!.

pprilep

prodolzi taka krivo mu e na ovie od SDSM deka nesto sto e napraveno ne moze da se vrati nazad....i pak da se kradi do besvest...pozrdav

Коментирај

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk