Утре стигнуваат 80. 000 вакцини од Холандија

14.12.2009 - 10:03 |

 

Паниката од свински грип ги потроши вакцините. Досега се вакцинирале над 10.000 граѓани од кои една третина се од Скопје. Во скопскиот Центар за јавно здравје велат дека се при крај со вакцините на Бакстер кои беа наменети за ризичните групи бидејќи мора да чуваат по една доза за ревакцинација.

 

 

Од министерствто за здравство велат дека на пат за Македонија се 80 000 дози од вакцината на глаксо која ја купија од Холандија и очекуваат да пристигнат во текот на утрешниот ден.
 
Од денеска имунизацијата против новиот вирус им е достапна на сите граѓани. Сепак, слаб интерес и понатаму има кај трудниците од кои само 4 примиле вакцина и кај младата популација. Во превентивните тимови досега се вакцинирале 100 деца на возраст од 6 месеци до 18 години.
 
- ВоСкопје се вакцинирале 3000 лица од нив 700 здравствени работници, 700 кои немаат хронични заболувања и останатите се од ризичните групи, вели д-р Лилјана Лазаровска, началник на епидемиологија во скопскиот Центар за јавно здравје.
 
Граѓаните кои ги начекавме во скопскиот центар за јавно здравје велат дека не им е страв од вакцината колку што се плашат да не добијат свински грип.
 
- Слушнавме на телевизија дека треба да се вакцинираме гледаме лекари и новинари се вакцинираат па и ние...
 
- Јас сум ризична група, консултирав икс доктори и ми рекоа да се вакцинирам, велат граѓаните.
 
Од денеска и лекот тамифлу со розов рецепт од матичниот лекар граѓаните можат бесплатно да го добијат во аптеките во склоп на здравствените установи. Во Скопје ова почна да функционира од петок од кога дури 32 пациенти земале тамифлу од кај главните медицински сестри во поликлиниките.
 
Изминатите 24 часа се хоспитализирани 18 пациенти со симптоми на грип а тројца од нив кои се на Инфективната клиника со потешка форма на пневмонија се поставени на респиратор. На болничко лекување во моментот има дури 242 пациенти. Од нив 106 се деца сместени на Клиниката за детски болести и на Институтот за белодробни заболувања во Козле.
 
Сања Димитровска
 

 

Се вчитува...

prasanje do ministrot

dali od vakcinata nesakanite dejstva se pojavuvat odma posle primanjeto na vakcina ili posle nekoe vreme

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk