Почна подобрувањето на условите во родилиштата

30.07.2010 - 16:39 |

Владата утре ќе одлучи колку нови вработувања ќе има во гинеколошко акушерските одделенија низ земјата.

Ова доаѓа по извештајот на Комисијата за стручен надзор која констатирала дека покрај лошите услови родилиштата се соочуваат и со недостиг на лекари. Во штипската болница има само двајца гинеколози, а потребни се минимум седум, а во Гинекологија Чаир од 34 останаа на 12.

- Постојано испраќаме барања за нови вработувања и од Фондот и Министерството добиваме позитивно мислење, ама не и од Финасии. Се снаоѓаме, лекарите дежураат и на 3 дена - вели Мендух Јегени, директор на Гинекологија Чаир.

- Утре ќе имаме повеќе информација за тоа. Инаку, нема дефицит во сите болници туку некаде има превработеност, а некаде дефицит, но тоа уште пред да се констатира дефицитарноста го решивме со законските измени за хоризонтална мобилност на вработени од една во друга здравствена установа - вели Бујар Османи, министер за здравство.

Проблем за родилиштата се и старите згради во кои се сместени. Денеска стартуваше реконструкцијата на Гинекологијата во Чаир, која според министерот за здравство 13 години била заборавена од сите претходни гарнитури на власт. Османи вели дека со тоа покажуваат дека нудат решенија и затоа не планира да поднесе оставка која вчера му ја побараа од СОЖМ.

- Одговорноста значи соочување со проблемите, а оставка е бегање од тоа и тоа не е мој стил. Тие што денес критикуваат имале прилика нешто да направат. А 20 години никој не влегол и не проценил каква е состојбата - вели Османи.

Реновирањето на родилиштето во Чаир е од првата фаза на реконструкција на болниците во која се опфатени 20 јавни установи. Според најавите во септември треба да пристигне и новата медицинска опрема.

 

Сања Димитровска

 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Коментирај

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk