Петрески ќе поднесе кривични против сите виновни за водостојот

15.03.2010 - 21:38 |

Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, по враќањето од Австралија денеска пред медиумите им се извини на граѓаните кои се почувствувале загрозени од високиот водостој на Охридското Езеро, иако смета дека независно неговото отсуство надлежните служби на локалната самоуправа биле активни на терен и ги извршувале сите потребни задачи.

- Им се извинувам на граѓаните кои се почувствуваа загрозени за време на неколкудневното мое отсуство. Убеден сум дека остварените средби во Австралија беа многу плодни, а тие ќе ги продолжат членовите на делегацијата која отпатува во Австралија. Моја интенција е да остварам уште една средба со нашите сограѓани, бидејќи во местата кои ги посетивме живеат околу 40 илјади охриѓани, истакна Петрески.
 
Тој изрази големо разочарување од односот на владејачката партија и централната власт, обвинувајќи ги декаи го искористиле неговото однапред планирано патување за напад врз институцијата „градоначалник“. - Со месеци наназад СДСМ и јас укажувавме на фактот дека состојбата со Езерото не е добра и треба итно да се реагира. Зачудува фактот што и покрај таквите укажувања Владата и ВМРО ДПМНЕ ја уверуваа јавноста дека нема простор за загриженост, за веднаш после моето заминување да го сменат ставот и почна драматизирањето на состојбите, истакна Петрески.
 
За истакнувањето билборди со недолична содржина, градоначалникот на Охрид најави кривични пријави за како што рече „злосторничко здружување против Охрид“. Тој најави дека ќе побара кривична одговорност и за сите институции и служби што со лошо работење дозволиле и овозможиле толкаво енормно покачување на нивото на Охридското Езеро.
 
Градоначалникот на Охрид рече и дека се соочувал со опструкции и од Амбасадата на РМ во Канбера, од каде со факсови биле известувани градоначалници и бизнисмени во Австралија да не се сретнат со него. - Благовремено го известив МНР дека заминувам во посета на Австралија, за да ми биде организиран пречек и средби. Не само што тоа не се случи, туку амбасадорот не се појави на средбите кои сама ги организираше општината, туку напротив, работеше да не се остварат тие средби, за што исто така ќе поднесам кривична пријава, најави Петрески додавајќи дека пријава ќе поднесе и градоначалникот Бил Серавиноски кој по потекло е од охридско, а исто така добил закани да не се сретне со градоначалникот на Охрид.
 
Во врска со односот со раководството на СДСМ кое побара од Петрески да се врати назад, градоначалниот со став дека тоа не значи оти матичната партија му свртела грб. - Проценка беше на СДСМ дека се злоупотребува моето отсуство и проценка на партијата беше дека треба да се вратам. Јас заминав со чиста совест, замениците и општинските служби ги извршуваа тековно своите обврски, истакна Петрески, додавајќи дека „на сите што имаа лоши мисли и дела истото ќе им се врати како бумеранг“.
 
Веднаш по пресот на градоначалникот следуваше коментар на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, преку изјава на Дејан Паноски, советник во Советот на општина Охрид.
 
- Факт е дека градоначалникот на Охрид во најпотребните десет дена беше отсутен и покрај паниката што сам ја создаде. Факт е дека делгеација замина без никаква најава за патувањето, Факт е дека составот на делегација не беше објаснет, дири имаше членови кои беа поинаку претставени. Факт е дека агендата на градоначалникот не беше непто во интерес на Охрид, Факт е дека целокупната македонската јавност реагираше на ваквата неодговорна одлука за заминување на пат и секако е факт дека сега по неговото враќање треба да се очекува да следува чин на одговорност, истакна Пановски, потсетувајќи дека „бумерангот лета, но се враќа кон оној што го фрлил“.
 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Makedonija

Izgleda deka ja koristi onaa starata "napadot e najdobra odbrana", ama zaboravil deka vo negoviov sluchaj, CELA MAKEDONIJA a i nashite od Avstralija se svedoci PROTIV NEGO! Pa neka si ochekuva napushtanje na rabotata! Bezobrazen eden!

komunjar

Namesto da se izvini za greskata on ke podnesuval krivicni prijavi, tipicno komunisticko odnesuvanje.
Zarem i da bese odnapred planirano patuvanjeto nemozese li istoto da se odlozi ako imase cuvstvo za Ohrid.
Zaboravi da podnese krivicna i protiv gospod za i majka priroda.

Коментирај

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk