Откриена биста на Ванчо Михајлов во двор во Велес
28.02.2010 - 19:44 |
Без поддршка од бугарското ВМРО и незадоволство од министерот за дијаспора Божидар Димитров, во ваков амбиент се откри бистата на контроверзниот Ванчо Михајлов.
Педесетина следбеници на неговото дело од дворот на велешанецот Драги Каров побараа повеќе слобода за Бугарите во Македонија и заштита од бугарското министерство за дијаспора.
Со поставување на бистата, Каров и неговите истомисленици го одбележуваат делото на Ванчо Михајлов кој се залагал за македонска држава иако се до смртта го негираше постоењето на македонскиот народ и јазик.
Инаку пред две години Каров во својот двор постави биста на Тодор Александров. Откако неколкупати беше уривана, сега таа се наоѓа на терасата во неговата куќа. Таму ќе биде поставена и бистата на Михајлов.
Зоран Јаневски
Се вчитува...
Македонија
|






















Коментирај