26.10.2014 - 10:26 |
Последна промена пред 42 мин 42 сек

Откриен Споменикот на загинатите бранители на Македонија во 2001 година

По 10 години, барањето на најблиските да има еден заеднички споменик на кој ќе ги има имињата и презимињата на сите убиени припадници без разлика дали се македонци, роми, турци, срби, христијани и муслимани, се исполни. Во Жена-парк, свечено беше откриен споменикот на бранителите кој според најблиските, ќе биде потсетник за ужасите кои не смеат да се повторат.  

Досега според Стојанов, 98 проценти се задоволени барањата на семејствата на загинатите бранители.

Споменикот е изграден со одлука на општина Центар а по идејно решение на скулпторот Киро Мукаедов.

Елена Бошковска 

Македонија