Наумовски и Бајрами на состанок на Заедничкиот консултативен комитет на РМ и ЕУ

08.07.2010 - 21:18 |

Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски и министерот за труд и социјална политика  Џељаљ Бајрами денеска во Брисел  присуствуваа на третиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет на Македонија и Европската унија.

На состанокот е потврден напредокот на Македонија и континуираните напори на Владата во исполнување на критериумите за членство во Европската унија, изјави вицепремиерот Наумовски, јави дописникот на МИА од Брисел.

Во наредниот период, истакна Наумовски, треба да се зајакне улогата на граѓанското општество, како еден од најзначајните сегменти во државата. - Улогата што граѓанското општество треба да ја одигра и во Македонија во наредниот период треба да биде зајакната. Во нив гледаме сегмент кој што би можел да придонесе кон формулирање поквалитетни државни политики и нивна натамошна реализација, рече Наумовски.

Тој престојот во Брисел го искористи и  за завршување на подготовките за советот за стабилизација и асоцијација, на кој очекува објективна оценка на напорите на Македонија  во изминатата година во спроведувањето на реформите и резултатите од нив. 

- Акцентот ќе биде ставен пред се на реформите од областа на правосудството, борбата против корупцијата како и хармонизацијата на законодавството на Република Македонија со Европското законодаство. Советот за стабилизација и асоцијазија ќе биде искористен и  за формулирање на главните препораки за натамошниот тек на процесот на Евроспка интеграција на Република Македонија  и активностите којшто ќе бидат спроведени во периодот до објавувањето на редовниот годишен извештај за напредокот на Македонија, информира Наумовски.   

Министерот Бајрами на средбата ги претставил преземените мерки и активности за функционирање на социјален дијалог, очекувањата за почеток со работа на новиот Економско социјалниот совет, состојбата во делот на пазарот на трудот и политиките за вработување, подобрување на положбата на маргинализираните групи и активностите за промовирање на Законот за спречување и заштита од дискриминација.  

- Претставниците на Заедничкиот консултативен комитет и на Европската Комисија, особено  претставникот на директотарот за проширување на Евроспката Унија  искажаа пофални зборови за напредокот на Република Македонија во насока на приближување кон Европската Унија, изјави министерот Бајрами.

Според него, Македонија добила била пофалба за мерките што ги превзема за социјалниот дијалог, но и укажување за нивото на невработеност во државата. 

-  Се потрудивме  социјалниот дијалог да профукционира максимално во Република Македонија, истакна Бајрами.

Тој очекува во текот на овој месец да се одржи конситутивна седница на новиот  Економски  социјален совет со новите репрезентативни синдикати, што од европските претставници било поздравено, како и заложбите на Министерството за труд и социјална политика за имплементација на Законот за заштита од дискриминација,  кој ќе се применува од јануари следната година.

Во однос на невработеноста Бајрами посочи дека Македонија и покрај економската криза во светот лани успеала да ја намали, а годинава бележи мало зголемување.  

- Тоа е сериозен пробелм за Република Македонија, сите се соочуваме со тоа, но и покрај светската економска криза ние и минатата година успеавме за разлика од сите други земји во регионот а и пошироко во Европската Унија која имаше раст на невработеснот, кај нас за среќа имаше намалување. Меѓутоа оваа година имаме зголемување во одреден мал процент на невработеност, но се надеваме дека со текот на времото ќе одминува економската криза и во тој дел ќе се подобриме, рече министерот Бајрами, којповтори дека очекува и оваа година извештајот на  Европската комисијата  да биде позитивен.

Македонски

Ајде сега...кого лажеме, нив или ние самите ? Како почнувањето на економската криза немаше некој голем ефект на македонската невработеност односно вработеност, така нема истата врска ни со зголемувањето на невработеноста од оваа година, а и завршувањето на истата криза нема да има никаков ефект на македонската невработеност, се додека одговорните политичари не си ја ТРЕСНАТ главата од ѕид и сватат дека треба многу да се направи, вистински да се работи за отворање работни места за својот народ, ДОСТОЈНИ работни места, а не да се канат инвеститори со фалење на „ефтината работна рака“, бидејќи така ни се насадија сите грчки ѓупци кои мамето ни го расплакаа низ нивните фабрики! Така ја доуништувате Македонија и климата за инвестиции за која продавате криви краставици! Свестете се веќе еднаш и сработете нешто професионално и во целост.

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk