Мирјана Димовска: Нема да ја коментирам интерпелацијата
08.02.2010 - 19:18 |
Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Мирјана Димовска не сака да ја коментира поднесената интерпелација за нејзината работа поднесена од страна на опозицијата.
Таа додава дека не е упатно да се коментира било што во врска со интерпелацијата.
Пасивноста на Антикорупциската комисија и судирот на интереси се едни од причините за интерпелацијата на Димовска.
Токму за судирот на интереси антикорупционерите ќе учат од искуството на странците.
Според претставникот на Европската комисија во Македонија, Патрик Пакет, значајна улога во борбата против корупцијата има спроведувањето на законските регулативи.
Екпертите апелираат дека носењето на закони против корупцијата не е единствениот начин против борба на корупцијата во државата бидејќи таа е болест во сите општества и треба поголема свесност на институциите во работењето.
Елена Бошковска
Македонија
|


















Коментирај