Филмот на Анџелина Џоли од денеска во кино „Милениум“

24.02.2012 - 13:55 |

Во кино „Милениум“ вечер премиерно во Македонија ќе биде прикажан филмот „Во земјата на крв и мед“, режисерско деби на актерката Анџелина Џоли, кој деновиве имаше премиери и во Сараево и Загреб, а беше прикажан и на Берлинскиот филмски фестивал. 

 

Филмот е драма за љубовта меѓу српски војник и босанска муслиманка  рзделени во војната во Босна, кој Џоли го сними во 2010 во Сараево и  Бидимпешта.

Играат Зана Марјановиќ, Горан Костиќ, Раде Шербеџија, Никола Ѓуричко, македонската актерка Јелена Јованова...  Светската премиера на филмот беше во декември во Њујорк и Лос Анџелес.

Македоснката премиера на двочасовниот филм е во 20.00 часот, а од утре ќе биде на репертоарот од 22.30 часот.

На репертоарот во „Милениум“ останува американската комедија  „Мапетите“ во режија на  Џејмс Бобин од понеделник до петок во 13 и во 15 часот и во сабота и недела од 11 и од 13.15 часот. 

 

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk