Филантропија или враќање кон традиционалните вредности
05.04.2010 - 18:34 |
Организирањето на хуманитарните манифестација, доброволното дарување помош на оние луѓе на кои им е најпотребна докажува дека луѓето го надминаа стереотипот за тоа дека хумани луѓе се оние кои имаат големи финансиски средства.
Филантропијата во Македонија зазема голем замав. За применувањето на хуманоста големо влијание има религијата.
Но образованието исто така треба да ја зголеми светса кај најмладите за нејзино развивање, велат граѓаните. На престојниот празник Велигден верниците зборуваа за значењето на хуманоста, но и за тоа дека оваа доблест не ја поседува секој човек.
Еден од најголемите филантропи во Македонија е покојната музичка легенда Тоше Проески. Големиот број на концерти кој ги организираше беа за хуманитерни цели. Дел од нив се децата од 11 Октомврии , детската клиникаи и за развојот на образованието.
По смртта неговите дела извршија преобразба на живеењето во Македонија и применувањето на доброволното дарување. Сега фондацијата Тоше Проески ги продолжи стапките на Тоше.
Кралицата на ромската песна Есма Реџепова, поп дивата Калиопи, познатиот Бубо Каров се дел од плејадата филантропи кои и даваат големи размери на хуманоста во Македонија.
Вероника Камчевска
Се вчитува...
Поврзани вести
Македонија
|























Коментирај