Две години од почетокот на акцијата за разеленување на Македонија

12.03.2010 - 15:22 |

Под слоганот „Растеме заедно“ здружението „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!“ денеска на вториот роденден од почетокот на акцијата ја почнува промотивната кампања за петтата акција за засадување на садници што ќе се оддржи последната недела од март.

Со акцијата предвидено е да се засадат 7,5 милиони дрвца низ територијата на цела држава.

Кристина Николовска од здружението „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!“ на денешната прес-конференција најави дека годинава ќе почнат со натпревари во училиштата за што побрзо и поквалитетно засадување на дрвца.

Таа информира дека по барање на граѓаните ќе се засадува на нови локации на попристапни и повидливи површини и оти акцијата ќе се интернационализира со пограничните региони.

Младиот уметник Стефан Плискониќ ги повика сите да учествуваат на традиционалниот ликовен и литературен конкурс.

Во рамки на роденденската прослава почесни титули „Витези на зелената иднина“ добија амбасадорот на Словенија во Македонија Алан Бергант, Амбасадата на САД во Македонија, академик Ѓорѓи Филиповски и маркетинг агенцијата „Република“.

Во досегашните четири акции беа засадени околу осум илјади хектари со 20 милиони садници.

Првата акција беше спроведена на 12 март 2008 година кога беа засадени два милиони дрва. На 28 октомври 2008 година беше организирана и втората со засадување шест милиони садници, на 14 март 2009 беа засадени уште пет милиони дрвца, а на 19. ноември минатата година беа засадени уште 7,5 милиони садници.

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk