ДУИ го отфрли предлогот на НД за менување на Законот за Комитетот за меѓуетнички односи

09.03.2010 - 15:48 |

Претседателот на Комитетот за меѓуетнички односи и пратеник од владејачката ДУИ Џевад Адеми изјави дека предлогот на Нова Демократија, Комитетот да работи со просто мнозинство, а не во согласност со сегашнорто законско решение - со двотретинско, е во „спротивност со филозофијата на Комитетот, бидејќи тој (Комитетот) е инструмент за заштита од мајоризација“.
 

-  Понуденото решение ја фаворизира мајоризацијата.  Проблемот не е до Законот ниту до задолжителното присуство од две третини на членовите на Комитетот. Напротив, проблемот е до пристапот, до третманот што го има Комитетот како вредност што дирекно извира од Охридскиот рамковен договор и пристапот кон самиот дух на овој договор, изјави Адеми.
 
НД денеска до Собранието поднесе измени и дополнувања на Законот за Комитетот за меѓуетнички односи, откако ова тело не одржа четири седници по ред поради немање кворум.
 
Адеми додаде дека води разговори со членовите на Комитетот за оваа состојба да се надмине и оти засега не успеал да открие некоја сериозна причина за отсуствата на пратениците делегирани во ова тело како претставници на етничките заедници на кои припаѓаат.
 
- Сметам дека работите се одвиваат сериозно и во скоро време ќе го свикам продолжението на деветата седница, изјави пратеникот на ДУИ. Доколку не се одржи и оваа седница, Адеми ќе го испрати писмото до претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, кое го најави при последниот обид на Комитетот да одржи седница.
 
Во ВМРО-ДПМНЕ засега не ја коментираат инцијативата на НД. Пратеници од владејачката партија велат дека нивниот став ќе го кажат кога ќе ја видат содржината на предлогот.
 
Пратеникот на СДСМ Никола Ќуркчиев, пак, оцени дека станува збор за техничка измена која, како што рече, „не може да го замени отсуството кај ВМРО-ДПМНЕ да го почитува и спроведува највисокиот правен акт - Уставот на РМ, и да го третира Рамковниот договор како алатка за пазарење со коалиционите партнери, наместо како фактор за стабилност“.
 

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk