Деминирање во струшкиот дел на Охридското езеро

24.02.2012 - 12:54 |

Во програмата на Дирекцијата за заштита и спасување се предвидени акции за отстранување мини и други неексплодирани убојни средства и од струшкиот дел на Охридското езеро.

Според Сашо Матлиоски пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, во струшкиот дел на езерото, има неексплодирани убојни средства, исто како и во делот на Охридското езеро во Албанија,

- Засега се одвоени пари само за овие две локации во Охрид на потегот од пристаништето до езерската полиција и во селото Пештани, рече Матлиоски.

Есад Хуво супервизор на акцијата и претставник на Меѓународниот фонд за деминирање од Словенија смета дека ваква акција треба да се спроведе и во Струга.

- Планови за тоа постојат бидејќи неексплодирани убојни средства има и кај Калишта и кај Радолишта.Но, проблем е што време има многу малку, а вие располагате само со еден тим за нуркање кој не може секаде да стигне. За вакво нешто се разбира потребни се и пари. Итна и неопходна операција е потребна за целиот приобален дел каде има присуство на мини, рече Хуво.

Милутин Секуловски од нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид информира дека во струшкиот дел се лоцирани местата, а во Струга вакви мини има на три локации.

Инаку, сите мини и неексплодирани убојни средства кои во изминатите години беа извадени од Охридското езеро се од првата и втората светска војна, како и од двете балкански војни. 

 

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk