- Без разлика кога била планирана и со кого требало да се сретне таму во состојба во која се наоѓа Охрид и целото охридско крајбрежје неговото место е меѓу и со граѓаните на Охрид. Од тие причини, Извршниот одбор на СДСМ донесе заклучок и го известивме градоначалникот Петрески под итно да ја прекине посетата на Австралија и веднаш да се врати во земјата, рече Црвенковски.
Градоначалникот Петрески денеска го известил Црвенковски дека тоа ќе го направи.
На новинарско прашање дали ќе побара оставка од градоначалникот Петрески, Црвенковски посочи дека имајќи предвид какви биле официјалните изјави на претставници на Владата вклучително и на премиерот дека има редовна состојба секој па и градоначалникот Петрески, како што рече, можел да заклучи дека спокојно може да замине во Австралија.
- Евентуална оставка на градоначалникот Петрески можеме да разгледуваме во пакет со оставка на Владата на Република Македонија, рече лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски по лидерската средба.
Туристички водич
Нека се банјааат сега бидејки владата им е крива а тие континуирано си гласааат за тие што сега екскурзија си терааат вклучувајки го и најголемиот водич ЕКСКУРЗИСТ Б.Ц кој што до пред 1 год. беше на власт не посети ни во сон некое место а сега Екскурзиите му се приоритет и не си даде оставка дури и кога имаше 2 атентати на Претседател на РМ.
Коментирај