Чистење на речните корита во охридско
09.03.2010 - 19:02 |
Чистење на некои локални реки во охридско-струшкиот регион на потегот околу Даљан, Коселска река, реката Сатеска, каналот кој се движи покрај магистралниот пат и кој се влева во реката Дрим, а воедно и заштита на пумпните станици и колекторскиот цевковод од Пештани до Метропол.
Ова се само дел од предвидените денешни активности на локалните тимови за заштита и координативното тело за справување со последици од елементарни непогоди.
Со чистење на коритата ќе се овозможи поголемо испуштање на вода од реката Црн Дрим што ќе допринесе за намалување на нивото на вододстојот.
Како што велат од координативното тело за превенција состојбата со нивото на Охридското езеро денеска е стабилна, но сепак се превземаат превентивни мерки бидејќи според Управата за хидрометеоролошки работи не очекуваат зголемени температури наредната недела кои ќе допринесат до топење на снегот и влошување на состојбата.
Нина Аритоновска
Македонија
|


















Коментирај