Четворица повредени при судир на машина и воз кај Црвени Брегови

30.07.2010 - 12:09 |

Четворица вработени во “Македонски железници“ се повредени вчера при судир на работната машина на која се превезувале и патнички воз на пругата Гевгелија – Скопје кај неготинското село Црвени брегови, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, тешка несреќата се случила синоќа околу 19 часот кога работната машина управуваван од машиновозачот Т.Т. (37) од Велес удрила во задниот дел од возот што се движел од Гевгелија кон Скопје.

Машината се движела зад возот по пругата кон Скопје кога од засега непознати причини удрила во композијата при што со тешки повреди се здобиле машиновозачот и уште тројца негови колеги.

Повредените веднаш по несреќата биле префрлени во велешката болница. Причините за несреќа се уште се испитуваат.

\Netpress

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk