Чешкиот амбасадор во работна посета на Прилеп

12.03.2010 - 20:48 |

Амбасадорот на Република Чешка во земјава, Јозеф Браун, денеска престојуваше во официјална посета на општина Прилеп, на која со градоначалникот Марјан Ристески разговараа за можностите за соработка во повеќе области меѓу двете земји.

 

Притоа, особено, се посвети внимание на најновите сознанија од заштитата на животната средина и имплементацијата на искуството во изградбата на пречистителната станица која ќе се гради во Прилеп со пари од Владата на РМ и од претпристапните фондови на ЕУ.
 
Пречистителната станица, особено прималива инвестиција е и за чешкиот бизнисмен- екологист Иван Биденко.
 
Првичните впечатоци на гостите беа дека во Прилеп има добра клима за сестрана соработка и тие се надеваат дека за кратко време ќе излезат и со конкретни проекти врзани за Прилеп, како што е  евентуалното влегување на Охридска банка во Прилеп чиј менаџер и раководител е од Чешка. Предмет на интересирање беше и инвестирањето во осигурителни компании.
 

Каролина Дурло

 

 

 

 

 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk