Билатералните спорови не треба да бидат пречка за евроинтеграцијата
09.03.2010 - 15:30 |
Билатералните спорови не треба да бидат пречка за евроинтегративните процеси. Тоа се прашања кои треба да се решаваат надвор од преговорите за членство во ЕУ.
Ова е заедничкиот став на шефовите на македонската и на хрватската дипломатија, Милошоски и Јандроковиќ. Македонскиот министер за надворешни на денешните срдби со хрватските власти ја потенцирал подготвеноста за отпочнување на преговорите.
- Билатералните спорови кои се повеќе или помалку релевантни меѓу билатералните односи меѓу земјите-членки и земјите-кандидатки за членство не треба да претставуваат пречка во процесот на ЕУ интеграциите и не треба на тој начин да и штети на кредибилитетот на самата Унија и на европските интеграции во целина, изјави Милошоски.
Македонија смета на искуството од Хрватска, кое вели Милошоски ќе биде од голема корист во тој процес.
Милошоски смета дека во однос на регионалните прашања Македонија и Хрватска имаат блиски позиции и преку координиран пристап придонесуваат за унапредување регионалната соработка.
Марјан Николовски
Македонија
|


















katastrofalen srpskohrvatski
Govorot na Milososki na srpskohrvatski odn. na hrvatsko srpski bese katastrofalen. So site padezi se stepa.
Коментирај