Победи за водечките три екипи во Супер лигата

11.03.2010 - 10:57 |

Водечките три екипи во кошаркарската Супер лига забележаа победи во вчера одиграните натпревари од 8.коло.

Лидерот на табелата Вардар Осигурување во Скопје го победи Пелистер со 87:55.
Фени Индустри во Кавадарци беше подобар од Овче Поле и оствари победа со резултат 109:75.

Третото место на две кола пред крајот на овој дел од шампионатот го обезбеди екипата на Торус, откако во скопскиот дуел го победи Работнички со 95:69.

Табела во Супер лигата по некомплетни осум одиграни кола: Вардар Осигурување 46 бодови, Фени Индустри 44, Торус 37, Овче Поле 32 (натпревар помалку), Работнички 32 (два натпревари помалку) и Пелистер 31 (натпревар помалку).

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk