НБА: Мајами го најде „лекот“ за Лин

24.02.2012 - 13:15 |

На последните дуели пред Ол Стар викендот во НБА лигата одиграни синоќа, Мајами успеа да го најде „лекот“ за новата ѕвезда на Њујорк Никс Џереми Лин.

Тотално „отфрлајќи“ го од игра, Мајами дојде до триумф од 102-88. За разлика од досегашниот негов просек од 23,9 поени по натпревар синоќа Џереми Лин постигна скромни девет поени со катастрофално лош шут од игра, само еден погодок од 13 обиди. 

До победата Хитси ги предводеа Крис Бош со 25 поени, Двејн Вејд со 22 поени, додека Леброн Џејмс заврши со 20 поени, девет скока и осум асистенции.

Кевин Дурент со 33 поени ја однесе Оклахома до 12-та победа во серија на домашен терен, овој пат совладувајќи ги ЛА Лејкерс со 100-85. Најефикасни кај Лејкерси беа Коби Брајант забележувајќи 24 поени и По Гасол со 22 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ (24 февруари 2012)

Мајами - Њујорк 102:88
Атланта - Орландо 83:78

Денвер - Сан Антонио 99:114

Оклахома - ЛА Лејкерс 100:85

\Ekipa

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk