По одигрувањето на 25. коло во шпанската Примера дојде до промена на врвот на табелата. Реал Мадрид поради подобрата гол разлика го мина шампионот Барселона. „Кралскиот клуб“ со пресврт победата од 0:2 до 3:2 на домашен терен против Севиља се избори за првата позиција откако Барселона одигра нерешено 2:2 со Алмерија на гости.
Во другите натпревари од колото постигнати се следниве резултати: Мајорка – Спортинг 3:0, Осасуна – Хетафе 0:0, Малага – Ксерез 2:4, Атлетик Билбао – Ваљадолид 2:0, Сарагоса – Атлетико Мадрид 1:1, Депортиво – Тенерифе 3:1.
Вечерва се игра последниот натпревар Валенсија – Сантандер.
Табела: Реал Мадрид 62 бода, Барселона 62, Валенсија 46 (натпревар помалку), Севиља и Мајрока по 43,...