Реакции на жрепката за четврт-финалето во ЛШ
Реакции на жрепката за четврт-финалето во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) што денеска беше извлечена во седиштето на УЕФА во Нион.
Тики Бегиристаин, спортски директор на Барселона
„Ова е сигурно најспектакуларната двојка во четврт-финалето и нема да ни биде лесно. И ние, и Арсенал, играме напаѓачки и победата ќе ја однесе онаа екипа, која ќе ја има топката повеќе во посед“.
Арсен Венгер, тренер на Арсенал
„Ние сигурно не сме фаворити во овој дуел, но не сме ниту аутсајдери. Шансите се 50-50 и така и ќе ја подготвувам екипата. Ќе биде тоа интересен натпревар со два идентични стила на игра“.
БАЕРН МИНХЕН – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Алекс Фергусон, тренер на Манчестер
„Кога и да сме играле со Баерн било многу, многу тешко. Она што е сигурно, е дека двата натпревари ќе понудат спектакл, а тие имаат прекрасен стадион и одличен терен, кои само ќе помогнат за атрактивноста. Посакувам само да нема повредени и да можам да сметам на сите мои фудбалери, а тогаш нашите шанси да одиме понатаму се големи“.
Карл Хајнц – Румениге, главен директор на Баерн
„Тежок, но атрактивен противник за нас. Манчестер јунајтед е екипа од самиот врв и ќе мораме да играме најдобро што можеме за да ги исфрлиме. Тие се фаворити, но ние знаеме како да исфрлиме фаворити“.
ИНТЕР – ЦСКА МОСКВА
Ернесто Паолило, извршен директор на Ингтер
„Ова во никој случај не е лесна жрепка за нас, иако ги избегнавме најсилните. Не смееме да ги потцениме Русите, не само бидејќи тие се многу силни, туку и поради фактот дека нивното првенство само што започна и имаат свежина за разлика од остатокот на Европа. Исто така, играат на вештачка трева, која носи предност за екипите со послаба техника“.
Луис Фиго, поранешен играч на Ингтер
„Мислам дека добро минавме, не знам што ќе беше доколку го извлековме Манчестер јунајтед или Барселона“.
ЛИОН – БОРДО
Жан Луј Тријад, претседател на Бордо
„Пред жрепката разговаравме со претседателот на Лион и заклучивме дека не би било добро да играме едни против други. Нашата предност е што реваншот е во Бордо, а нивната што имаат далеку повеќе искуство во европските купови“.
Жан Мишел Аулс, претседател на Лион
„Тоа ќе биде необичен дуел, не го посакував Бордо, но барем еден француски тим ќе заигра во полуфинале во ЛШ, за прв пат по 2004 година и Монако“.
Поврзани вести
Фудбал
|




















Коментирај