Мурињо загриза за Амаури

30.07.2010 - 15:31 |

Напаѓачот на Јувентус би можел да се пресели во Мадрид. Мурињо ја разгледува можноста во својот тим да го доведе напаѓачот на Јувентус, Амаури.

Како што пренесуваат медиумите, португалскиот стручњак изрази желба во својот тим да го доведе бразилецот, го одлично ги одигра сите подготвителни мечеви за тимот од Торино, а беше и двоен стрелец на дуелот од Лига Европа против тимот на Шамрок.

И покрај интересот од "кралскиот клуб" за Амаури, управата на Јувентус ставила до знаење дека и во оваа сезона смета на услугите на бразилецот. Сепак можеби некоја примамлива понуда од Реал би можела да предизвика промени во ставот на раководството на "Старата дама."

\Netpress

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk