Бекам и Неста ги напуштија клиниките
Фудбалерите на Милан Дејвид Бекам (34) и Алесандро Неста (34) ги напуштија клиниките во кои беа оперирани откако во натпреварите на лигата на италијанското првенство се здобија со тешки повреди на Ахиловата тетива и коленото.
Бекам во неделата, на натрпеварот против Кијево, му пукна Ахиловата тетива и тој мораше итно да замине на операција во Финска, каде во градот Турк зафатот го изврши светски познатиот хирург Сакари Ораве.
Неста, пак, го повреди коленото, а оперативниот зафат беше извршен во римската клиника „Вила Стуарт“.
Операцијата на Бекам, како што пренесува „еРепортер“, мина во најдобар ред, но за него оваа сезона е завршена, а ја загуби и шансата да настпи на Светското првенство во Јужна Африка.
„Засега се оди според планот. Операцијата мина добро и сега следува фаза на опоравување“, изјави Орава.
За разлика од Бекам, одбрамбениот играч на Милан Неста, кој се повреди на 28 февруари на натпреварот против Аталанта, би можел да се надева на настап уште оваа сезона.
Фудбал
|


















Коментирај