Арсенал со нов договор за Галас

12.03.2010 - 13:40 |

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, потврди дека наскоро почнуваат нови разговори со агентот на Вилијам Галас околу неговото продолжување на договорот со лондонскиот клуб.

32-годишниот француски дефанзивец во јуни ќе стане слободен фудбалер доколку од Арсенал не го убедат да продолжи договорот со клубот од "Емирати" барем уште една година.

Галас веќе еднаш изјави дека нема намера да потпише договор на една година, но и од Арсенал не се премногу расположени да разговаарат со него за подолг престој на "Емирати". Останува да се побара некоја средина или пак да се очекува заминување на Галас од Лондон ова лето. "Ние имаме желба да го задржиме Гала тука. Сметам дека и тој сака да остане кај нас.

Тој има договор до јуни, но засега не сме успеале да се договориме за нова соработка. Ќе се сретнеме со неговиот агент следната недела за да се обидеме уште еднаш да најдеме некакво компромисно решение" изјави Венгер.

\Netpress

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk