Љубовни афери на францускиот претседател и неговата сопруга

10.03.2010 - 11:01 |

Француската јавност не се занимава толку многу со состојбата на домашната економија или со судбината на еврото, колку што ја интересира најновата ситуација со бракот на претседателот Никола Саркози и на неговата сопруга Карла Бруни по зачестените тврдења за нивните љубовни афери, пишува лондонски „Дејли телеграф“.

Според весникот, како што јави дописникот на МИА од Лондон, приказните за прељубите што наводно  ги имаат направено претседателот и француската прва дама, од интернет сајтовите и страницата за социјално дружење „Твитер“, каде прв пат се појавија, подоцна се префрлиле и во париските неделници. Во нив се тврди дека Бруни е во љубовна врска со еден француски музичар, додека измамениот Саркози „утеха наоѓа“ во прегратката на министерката за екологија.

За Карла Бруни се пишува дека од поодамна била пријателка со музичарот, но дека сега таа врска се претворила во „нешто повеке од пријателство“, па дури и дека поради тоа првата дама на Франција од Елисејската палата се преселила во станот на музичарот.

Претседателската палата во Париз одбива да ги коментира пишувањата на весниците, а министерката што се посочува како љубовница на претседателот, која е поранешен француски шампион во карате, демантира и се заканува со судски тужби.

Од првата средба на Саркози со Карла Бруни на почетокот од 2007 година, ова е прв пат да се зборува за сериозна криза во нивниот брак. „Дејли телеграф“ потсетува на една поранешна изјава на Бруни за тоа дека „моногамијата брзо и здосадува“.

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk