Ќерките на Барак Обама можат да заработуваат пари како „бебиситерки“

24.07.2010 - 14:44 |

Ќерките на американскиот претседател Барак Обама - Малија и Саша, можеби растат во привилегираната средина на Белата куќа, но нема да избегнат едно традиционално занимање на американските девојки, а тоа е да работат како „бебиситерки“ за да заработат пари. 

Во интервју за американската телевизија „Еј Би Си“, Обама изјави дека ги учи своите ќерки како да ги вреднуваат парите.

- Засега им давам на Малија и на Саша џепарлак. Но тие се веќе доволно големи за да можат самите да заработат малку пари со чување деца, истакна Обама.

Тој потврди дека на ќерките им отворил штедни сметки.

Доколку Малија и Саша не успеат да најдат работа како „бебиситерки“, тоа нема ни најмалку да влијае врз финансиите, бидејќи семејството Обама лани оствари доход од 5,5 милиони долари.

Коментирај

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk