Трговската размена намалена за 29%, дефицитот 2,3 милијарди долари
08.02.2010 - 20:13 |
Трговскиот дефицит се продлабочува. Заклучно со декември 2009 година достигна 2,3 милијарди американски долари.
Надворешно - трговската размена минатата година е за 28,6 отсто помала од обемот на размена во 2008 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Сме увезувале двојно повеќе отколку што сме извезувале. Вкупната вредност на извозот од јануари до декември изнесува 2 ипол милијарди долари, а на увозот 5 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 53,4%.
Според експертите, големиот трговски дефицит пред се е резултат на лошата извозна политика и слабата конкурентоста на македонските производи.
Македонскиот извоз најмногу се потпира на производите од железо и челик, облеката, фероникелот и преработките од нафта, а најмногу се увезувала суровата нафта, електрична енергија и превозни моторни возила.
Македонија најмногу тргувала со земјите членки на ЕУ. 56,2% од извозот и повеќе од половина од увозот, се сведува на членките на Унијата. 37,2% се извезувало во земјите од Западен Балкан, а во увозот со 26,7% учествувале и земјите во развој.
45,6 отсто од тргувањето е остварено со Германија, Србија, Грција, Италија и Русија.
Најголемиот минус во трговијата со странство е забележан 2008, кога дефицитот беше 2,87 милијарди долари.
Виолета Стоименова
Поврзани вести
Бизнис
|



















Коментирај