Приштина бара од ММФ кредит од 80 до 120 милиони евра

09.03.2010 - 22:45 |

Приштина преговара со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за земање кредит во вредност од 80 до 120 милиони евра и верува дека договорот би можел да биде склучен следниот месец, изјави денеска косовскиот министер за економија и финансии, Ахмет Шаља.

Тој истакна дека Приштина, која изминатите десет години во рамки на меѓународната помош доби четири милијарди евра, не планира оваа година да издаде долгорочни хартии од вредност, туку повеќе би сакала да добие неповратни средства и евтини кредити.
 
Шаља додаде дека спогодбата со ММФ би требало да биде склучена, имајќи предвид дека стопанството на Косово оваа година ќе ги надмине првобитните прогнози на ММФ и ќе оствари раст поголем од 4,2 проценти.
 
ММФ на 5 март ја заврши двонеделната мисија во Приштина без склучување спогодба, а следната мисија е планирана за крајот на април.
 
- Доколку Приштина успее да добие кредит од Фондот, тоа ќе и го отвори патот кон неповратни средства вредни 150 милиони евра од Европската комисија и 60 милиони евра од Светската банка, додаде Шаља.
 

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk