Македонија и официјално корисник на ИПАРД средствата

02.03.2010 - 13:26 |

Македонија од денеска и официјално ќе може да ги користи европските пари. Спогодбата е потпишана, а 42 милиони евра се на располагање за оние што имаат подготвен проект.

Со средствата од ИПАРД ќе се развиваат руралните средини, а европратеникот Ерван Фуере е убеден дека домашниот пазар значително ќе се доближува до европскиот.
 
- Со денешниот потпис вашата земја прави решителен чекор во земањето учество во политиката на ЕУ за земјоделство и рурален развој. Оваа политика во својата основа значи поддршка за одржување и развој на руралните заедници како интегрален дел на општеството во овој регион. Напредокот кој што е постигнат во Македонија ќе има придонес и за целиот регион - рече Фуере.
 
Одлуката за користење на средствата за земјоделски и рурален развој е особено значајна бидејќи се надоврзува на владините напори за поддршка на овој сектор преку континуираните субвенции.
 
- Покрај доделените средства од ЕУ Владата на Република Македонија за периодот од 2007 до 2010 ќе инвестира дополнителни сопствени 10,5 милиони евра. Користењето на ИПАРД програмата носи значајна придобивка во градењето на капацитети и способности за вклучување во фондовите од заедничката земјоделска политика од моментот кога Република Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ - истакна вицепремиерот Наумовски.
 
Поддршката на Владата за овој сектор е голема и се обидува со дополнителни државни средства да им помогне на моментално загрозените.
 
Финансиската рамка за ИПАРД ја сочинуваат 75 проценти од ЕУ и 25 отсто од домашниот буџет. Оттука и оптимизмот кај владата за успешен прв оглас иако досега од очекуваните 50 аплицирале само 20 земјоделци со комплетни проекти.
 
Борче Пауновски
 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Коментирај

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk