Истекува рокот на првиот оглас за ИПАРД

17.03.2010 - 12:52 |

Земјоделците уште денеска ќе може да аплицираат за користење на европските пари од ИПАРД програмата која поддржува проекти од примарно производство и рурален развој.

Првиот оглас објавен во декември, се однесува на вкупно 24 милиони евра. Требаше да трае до 23 февруари но, Владата го пролонгира за уште три недели по барање на земјоделските здруженија.

Иако потребната документација и аплицирањето се упростени, во првата година не се очекуваат спектакуларни резултати. Според предвидувањата на надлежните, ќе пристигнат околу 50 барања. Засега, велат, најголем интерес има за развој на руралниот туризам, млечната индустрија, реконструкцијата на шталите, оранжериите и пластениците. 

Македонија во декември минатата година стекна право на целосно управување со ИПАРД средствата и тогаш го објави првиот оглас на кој заинтересираните земјоделци може да аплицираат до утре-17 март, во подрачните единици на ресорното Министерство.

ИПАРД поддршката е грант што треба да покрие 50 отсто од трошокот  на реализираната инвестиција. Од него, 75 насто се пари од ЕУ, а 25 се од Буџетот на Македонија.

Четиригодишната ИПАРД програма од 2007 до 2011 година е проектирана на вкупно 60,7 милиони евра.

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk