Бројот на вработените во 2009 поголем за 3,4 отсто од 2008
19.03.2010 - 14:59 |
Во Република Македонија во 2009 година активното население броело 928.775 лица од кои вработени се 629.901 или 67,8 проценти, а невработени 298.873 лица или 32,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на вработени 2009 во споредба со претходната година е зголемен за 3,4 отсто.
Во однос на 2008 година, бројот на невработените лица бележи намалување од 3,7 проценти. Стапката на активност во овој период е 56,7, на вработеност 38,4, додека стапката на невработеност изнесува 32,2.
Бизнис
|

















