Три лица се уапсени во врска со кражбата на телото на поранешниот кипарски претседател Тасос Пападопулос, кое беше открено вчера, три месеци по исчезнувањето, пренесоа агенциите.
Ова се првите апсења, откако посмртните останки на поранешниот претседател, кој почина во декември 2008 година, на 74-годишна возраст, беа украдени од гробиштата јужно од Никозија, во ноќта меѓу 10 и 11 декември 2009 година.
Приведените се индиски државјанин со фалсификувани бугарски пасоши, поранешен затвореник и негов роднина, соопшти државната телевизија.