Жолтиот снег што падна во Бугарија и Романија соддржел тешки метали

12.03.2010 - 14:53 |

Жолтиот снег што, пред неколку дена, падна во Бугарија и на југот на Романија содржел „тешки метали“ и не е обоен со песок од Африка, како што на почетокот се тврдеше, соопштија медиумите во Софија.

Романските метеоролози, на кои се повикуваат бугарските медиуми, го отфрлиле тврдењето на своите бугарски колеги дека снегот пожолтел поради песокот што стигнал од Сахара.

Нивните истражувања утврдиле дека црвеникавиот песок содржел бакар, железо, цинк, хром, олово, никел, арсен и кадмиум-тешки метали, кои вообичаено се наоѓаат во земјата.

Џон Паун од романскиот Центар за метеорологија изјави дека нивните карти покажаа дека жолтиот снег нема никаква врска со Африка.

Лекарите наведуваат дека тешките метали, во поголеми концентрации, можат неповолно да влијаат врз здравјето на луѓето, поточно врз црниот дроб, пренесоа бугарските медиуми.

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk