Србија од самиот почеток брани принцип според кој делегација на Косово може да учествува на регионални форуми во согласност со документи на ОН, пред се врз основа на резолуцијата 1244 на СБ на ОН, се вели во соопштението.
„За жал, на организаторите не им оди од рака средбата да се организира во согласност со тој принцип и тоа го оневозможува присуството на претседателот во Брдо крај Крањ“.
Србија од почетокот има конструктивна улога во разговорите за модусот на организацијата на форумот демонстрирајќи желба да не блокира учество на претставници на Косово, и на самиот старт јасно искажа свој принципиелен став како ориентир за организаторите кои имаа задача да пронајдат формула во согласност со принципите на ОН, се вели во соопштението од Кабинетот на Тадиќ.
Коментирај