Неизвесна конференцијата на Брдо

19.03.2010 - 22:18 |

Сеуште е неизвесно учеството на претседавачот на европскиот совет Херман ван Ромпуј на утрешната конференција во Брдо кај Крањ посветена на Западен Балкан.

Причина за неговата дилема дали да учествува на состанокот со високите западно балкански лидери, се пред се најавите на српскиот претседател Борис Тадиќ кој најавува дека нема да учествува на конференцијата поради веќе добро познатите причини.
 
Белград бара косовската делегација на конференцијата да биде потпишана како протекторат на УНМИК, наспроти организаторите на конференцијата, Словенија и Хрватска кои веќе најавуват дека Косово ќе биде потпишано како независна држава.
 
Во обид да се спаси целосно пропаѓање на конфернцијата словенечкиот премиер Борут Пахор ги посети Брисел и Белград одделно. Тамошните информации укажуваат дека Ван Ромпуј треба денеска да се произнесе дали ќе учествува или не бидејќи Европската унија ја смета за поважна претстојната конференција за Западниот Балкан, која во мај или јуни ќе се одржи во Сараево. Наспроти ова, конференцијата што утре ќе започне во Брдо кај Крањ, има неформален карактер сметаат во Брисел.
 
Инаку на утрешната конференција свое учество потврдија сите останати држави од регионот вклучувајќи го Косово. Овој самит според очекувањата на организаторите треба да го означи стартот на времето кога земјите од регионот ќе започнат да разговараат директно за проблемите и да демонстрираат повисоко ниво на политичка зрелост.
 
Дејан Андоновиќ
 

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk