Македонија
6. January 2016 - 16:51

Дневник: Во „Фабриката за афери“ имало и избирачки списоци од Општина Центар

Во домот на Чауш е пронајден избирачки список со лични податоци на жителите на општина Центар, пишува Дневник повикувајќи се на извори од истрагата. Списокот во имиња, презимиња и матични броеви на граѓаните бил пронајден  во истата импровизирана работилница на уапсениот Захир Бекири во скопско Ченто каде биле изработувани и 105-те лични карти. Според Дневник токму имињата кои се наоѓале во избирачкиот список биле запишувани на фалсификуваните лични карти, само со допишани други адреси на живеење.

Пред неколку дена истрагата откри дека кај првоосомничениот Чауш се пронајдени и голем број примероци за изработка на уште неколку илјади фалсификувани лични документи. Фалсификаторите користеле машини за изработка на лични документи идентични со оние кои ги користи Министерството за внатрешни работи.  Јавното обвинителство исто така потврди дека полицијата при претресите запленила и машини, преси, секачи и друга опрема за производство на фалсификат документи, идентична со опремата со која биле направени и пасошите кои весникот Фокус ги објави во наводна афера во ноември 2014-та.

Покрај фабрикување на афери, Чауш како член на СДСМ исто така бил задолжен да тргува со прислушуваните разговори на Заев. Обвинителство потврди дека во неговиот компјутер биле пронајдени 70.000 прислушувани разговори на граѓаните во фолдер именуван  СДСМ Заев. Покрај ова во фабриката на СДСМ беа пронајдени и 120 илјади украдени лични идентитет на македонски граѓани.