-->
-->
Димитриев: Граѓаните се тие кои одлучуваат, а ние ќе продолжиме да работиме за нив
-->
Имаме историска одговорност сите ние да се вклучиме во еден нов почеток, во еден нов циклус кој ќе изобилува со позитиван енергија и пристап. Граѓаните од нас очекуваат одлуки и обезбедување на нивната иднина, , и наша обврска е тоа да им го овозможиме, рече техничкиот премиер Емил Димитриев во своето обраќање.
-Врвно демократско право е народот на избори да одлучи на кого ќе му ја даде довербата. Граѓаните се тие кои одлучуваат, а ние треба и ќе продолжиме да работиме за нив, за нашата земја Македонија и за нашата заедничка иднина. Ние ја имаме одговорноста пред граѓаните, и во вакви сложени времиња, не отстапуваме, продолжуваме одговорно, достоинствено, со чесна намера, и во интерес на граѓаните и на Република Македонија. Верувам дека сите заедно ќе бидеме дел од успешна Македонија, рече Димитриев.
Позицијата премиер на преодната влада, нагласи Димитриев, ќе ја извршувам одговорно и чесно, а изборите кои ќе ги организира оваа влада ќе бидат фер и демократски, и граѓаните ќе одлучат на нив врз основа на програмите кои партиите ќе ги понудат, на кредибилитетот на кадрите и на верувањата и вредностите, на која партија и на кој кандидат за премиер ќе му го дадат мандатот да управува со земјата по 24 април 2016 година.
-Со Божја помош и благослов, да живее Република Македонија, заврши Димитриев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан