Македонија
11. March 2016 - 17:51

Димитриев: Фамата со пречистување на Избирачкиот список бргу ќе биде расчистена

Фамата со пречистувањето на избирачкиот список бргу ќе биде расчистена, смета премиерот за спроведување на изборите. Димитриев по вчерашната средба со членовите на ДИК оценува дека Комисијата има доволно време за да до изборите заклучи целосно пречистен и веродостоен список со избирачи.

Време и услови  за работа на ДИК има како никогаш до сега, смета поранешниот член на космисијата Тања Алтанџиева.

Појаснува дека состојбата со адресите не е нова но дека во сите посочени примери нема спорни гласачи.

Вчера и директорот на катастар потврди дека голем дел од граѓаните кои не ги легализирале своите домови или живеат во места каде нема систем на улици немаат соодветни адреси.  Регулирањето на тој систем е долготраен процес кој не е поврзан со избирачкото право.

Најсуштински според експертите е да с епочитува принципот на еден човек еден глас.

Најголем дел од граѓаните кои направиле увид во списокот сметаат дека во нивните избирачки места нема никакви недоследности.

Според првичните информации од вкрстувањето на податоците на 10 институции, ДИК детектирал околу 100.000 избирачи кои ги има само во базата на МВР. Од нив 90 проценти се Албанци кои најверојатно се иселиле во странство. 

Овие информации делумно ги потврди и лидерот на СДСМ кој во Крива Паланка ги нарече неконзистентни гласачи.

Ваквите информации се спротивни на тврдењата на СДСМ дека избирачкиот список е полн со фантомски гласачи. ВМРО ДПМНЕ оцени дека овие обвинувања се обид за ново бегство од изборите закажани за 5ти јуни.