Македонија
5. July 2016 - 16:10

Димитриев: ЕУ ја задржува политиката на отворени врати за земјите од Западен Балкан

Балканот останува регион чиј врвен приоритет е зачленувањето во ЕУ, а Унијата ја продолжува политиката на отворени врати, е заклучокот од третата конференција во рамките на берлинскиот процес.

Иако билатералните спорови и понатаму се пречка за старт на преговори сепак според премиерот Димитриев кој ја предводеше македонската делегација на Конференцијата во Париз државата работи во правец за решавање на проблемот со Грција.

На состанокот кој го оддржаа претседателите на владите од западно балканските држави главни точки на дискусија биле миграциите, безбедноста и европската политика.

Според Димитриев во текот на Парискиот самит Македонија постојано била посочувана како позитивен пример во справувањето со бегалската криза.

Вицепремиерот Пешевски кој е дел од делегацијата изјави дека Македонија останува посветена на реформите за крерање поволна бизнис клима.

На Самитот во Париз кој беше оддржан на иницијатива на францускиот претседател Оланд, земјите од Западен Балкан се обврзале на колективен акциски план за интензивирање на трговскиот раст и транспортно поврзување.