Македонија
17. November 2021 - 20:10

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2022 година е составен на погрешна претпоставка и основ

Гордана Димитриеска Кочоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во „Тема на денот“ во централниот дневник на ТВ Сител нагласи дека согласно податоците од Државниот завод за статистика не очекува дека проектираната стапка на БДП од 4,1 процент нема да се оствари.

Верувањето дека ќе имаме 3,1 процент стапка на раст во втората половина е можеби не реално. Зошто е тоа така, дополнително податоците на Државниот завод за статистика јасно укажуваат на пример индустриското производство за третиот квартал е паднато за 3,5 проценти во однос на минатата година, во градежништвото за јули и август имаме пад за некаде околу 15 проценти, производството за електрична енергија исто за третиот квартал во однос на минатата година  е паднат за 16 проценти. Кај извозот имаме раст од 2,8 проценти но затоа кај увозот имаме раст од околу 10,4 проценти. И сето ова покажува дека третиот квартал можеби ќе имаме намалување на БДП во однос на третиот квартал минатата година или можеби некој минимален раст и ние онаа стапка од 4,1 процент нема да ја оствариме, потенцираше Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска рече дека Буџетот за 2022 година е составен врз основа на погрешна претпоставка и основ односно како што рече земајќи ги во предвид колку е лоша реализацијата на капиталните инвестиции и странски директни инвестиции.

По однос на проекциите за 2022 година кога Министерството за финансии вели дека ќе имаме стапка на раст на БДП од 4,6 проценти. Најпрво да видиме на што ја заснова министерство за финансии таа проекција, вели најмногу се потпира на бруто инвестициите за кои вели дека ќе пораснат за 8,5 проценти, ако повторно ја погледнеме годинава ќе видиме дека за сега имаме 3,5 проценти за првата од годината раст на бруто инвестиции во однос на минатата година, иако исто така земеме предвид колку е лоша реализацијата на капиталните инвестиции која што е речиси 55 проценти од планот, а можеби до крајот на годината прашање е дали ќе стигнеме до 60 проценти од буџетот на реализација на капитални инвестиции и на тоа додадеме странски директни инвестиции кои што се катастрофално ниско ниво, не само во Македонија и регионот, од некаде 190 милиони евра за првата половина од годината, и за она што за мене е најклучно од се, ако ја погледнете проекцијата и на Светска Банка и на Европската Комисија ќе забележите дека тие проектираат многу пониски стапки на раст од министерството за финансии. И тоа се причините зошто ние сметаме дека комплетно целиот буџет е составен на една погрешна претпоставка и основ, истакна Димитриеска Кочоска.