Македонија
10. October 2017 - 16:50

Димиторов во Европскиот Парламент бара преговори за членство

Македонија мора да направи исчекор во евроинтеграциите побара шефот на макеоднската дипломатија Никола Димитров од европратениците во денешната дебата во комисијата за надворешна политика во европарламентот.

Прв чекор треба да биде отстранување на условената препорака.

Спорот за името судејќи според обраќањата на грчките европратеници и натаму ќе биде главната блокада за македонските евроинтеграции, иако по потпишувањето на договорот за добросоедство со Бугарија тие останаа осамени во ирационалните барања.

Димитров во одговорите појанси дека Грција и Македонија се во процес на подготовка на продолжување на преговорите за спорот за името.

Шефот на македонската дипломатија појасни и дека е важен процесот на помирување и создавање национален консенсус за евентуалното решение кое ќе се најде на референдум.