ДИК започна со избор на компании кои ќе ја вршат вкрстената проверка на избирачкиот список
Највисокото изборно тело започна со спроведување на постапката за пречистување на избирачкиот список. Откако четирите најголеми политички партии ја дадоа поддршката за методологијата предложена од ДИК, Комисијата објави јавен повик во кој што бара ИТ компании кои ќе го извршат вкрстувањето на податоците. Јавниот повик трае три дена, односно заинтересираните компании и експерти може да конкурираат најдоцна до 5-ти февруари, петок.
Со ова Државната изборна комисија всушност постапува пред законските рокови за исполнување на обврските за обезбедување фер и демократски избори. Во изминатите изборни циклуси ваквите активности на ДИК започнуваа по распуштањето на Собранието. Во случајов, Комисијата си дава подолг временски период за да ги спореди информациите од дата базите на 10 државни институции и да ги корегира потенцијалните слабости.
Според оваа методологија избирачкиот список ќе се ревидира во неколку фази. Постапката почнува со споредба на сегашната состојба на списокот со податоците од последните избори. Во следната фаза ќе се прави вкрстено споредување на базите на податоци од 10 институции.
Во третата фаза ќе се врши теренска проверка на местата каде што податоците нема да се совпаѓаат. Ќе се користат ресурси на државниот завод за стастистика. Владата веќе одобри дополнителни простории, како и 50 автомобили за теренска проверка. Ќе биде и дополнително ангажиран стручен кадар, кој ќе биде ставен на располагање за потребите на ДИК.
-

Славица Арсова
Сите содржини од овој новинар
