Македонија
5. December 2015 - 16:59

Детската болница Козле и ПЕТ центарот готови до Нова година

Два крупни проекти во здравството ќе бидат пуштени во употреба до крајот на годината. Како што најави премиерот Никола Груевски, едниот е Детската болница во Козле а вториот ПЕТ центарот за рано дијагностицирање на малигни заболувања. Со нивното функционирање ќе се подобрат условите за лекување.

- Едниот е Детската болница во Козле, инвестиција вредна 7 милиони евра која ја почнавме во овој наш мандат и ја завршуваме многу брзо. Во наредните недели ќе биде и официјално пуштена во употреба. Болницата значително ќе ги подобри условите за лекување на деца кои имаат потреба од тоа. Болницата е нова и современа со нова опрема и ќе биде една додадена вредност во нашиот здравствен систем,изјави Никола Груевски

За ПЕТ центарот инвестицијата е околу 16 милиони евра. По неговото пуштање ќе има неколкумесечен тест период согласно меѓународните стандарди.

- ПЕТ-центарот е многу значаен за рано дијагностицирање на малигни заболувања и не е значен само за Македонија, туку има и регионално значење бидејќи такви ПЕТ-центри нема во секоја држава. Во него инвестиравме околу 16 милиони евра. Тој е во самиот финиш и во текот на овој месец ќе биде официјално завршен и пуштен во употреба. Ќе следува неколкумесечен тест-период, околу пет до шест месеци грејс-период согласно меѓународните процедури за ваков вид установи, изјави  Груевски.

Болницата во Козле и ПЕТ центарот не се единствените проекти. Премиерот Груевски најави дека се работи и на многу други кои се во насока на подобрување на условите за лекување.

Видеа од Македонија

  •  
  • Страна 1