Детали за незапаметената трагедија: Жената му варела кафе кога случајно ја застрелал право во срце
Во семејната куќа во Нови Пазар минатата ноќ се случи несекојдневна трагедија, кога В.П. (47) од ловечка пушка ненамерно ја застрела својата сопруга Д.П. (38).
Имено, тој на својот пријател му ја покажувал новата пушка за лов, а неговата сопруга варела кафе во моментот кога случајно испукал куршум и ја погодил право во срце.
-В.П на својот другар му го покаживал новиот нишан и малокалибарската пушка, која легално ја поседувал зошто бил страстен ловец. Во еден момент пушката испукала, а Д.П. вриснала и паднала, по што несреќниот маж истата секунда сопругата ја однел во болница, но и немало спас, вели извор од истрагата.
Во каков шок се нашол, најдобро се видело во моментот кога му соопштиле дека сопругата му починала и по доаѓањето на полицијата, тој почнал да плаче, да удира со глава од ѕид и повторувал дека ќе се убие.
Инаку, тие имале три деца, живееле во складен брак и имале разработен приватен бизнис.
Ново на Сител
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци