Денеска се слави светецот кој со чудотворство и ги лекуваше сите болести, дури и манијаштвото и лудилото
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 март.
Денеска е Преподобен Теофан Исповедник.
Наречен Сигријан заради местото Сигрија каде што беше роден. Роднина на царот Лав Исавријанин и на неговиот син Копроним. Имаше огромно богатство и раскош. Но кога Господ Христос се зацари во неговата душа, сето тоа за него изгуби вредност. Се спротивстави на женидбата што му ја наметнуваа, па кога сепак го принудија, успеа да ја посоветува својата сопруга на девствен живот под руво на брак. А штом му починаа родителите, жена му отиде во еден манастир, а тој во друг. Неговиот беше во Сигријанските Гори во Кизичката област. Некогаш славниот и богат Теофан во манастирот живееше како последен сиромав. И сите ѝ се восхитуваа на таа чудесна промена кај него. Бидејќи стана прочуен по неговата силна вера, воздржливост и мудрост, го повикаа на Седмиот Вселенски Собор во Никеја, на којшто се утврди иконопочитувањето. Заради големата чистота и целомудрие што го красеа Бог му даде дар на чудотворство и ги лекуваше сите болести, особено манијаштвото и лудилото. Му се молеше на Бога за болните и за неволните и им помагаше со својата молитва. А кога се разболе самиот, долго и со благодарност ја трпеше својата болест и не сакаше да Му се моли на Бога за оздравување. Кога повторно настана гонење на иконите од злиот Лав Ерменин, Свети Теофан беше доведен во Цариград и фрлен во затвор, каде што две години помина во тегобност и во маки и понижувања. Тогаш царот го испрати во ропство на островот Самотрак, а ова тој го проѕре со својот дух отпорано и им го кажа на затворските чувари. Но кога стигна во Самотрак, поживеа само дваесет и три дена и се престави кај својот Господ и Создател од Кого го прими стекнатиот венец на невенлива слава.
Ново на Сител
-
Пронајдена експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар