Денеска и утре посебен режим на сообраќај во Скопје
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од 19.00 часот денеска (03.05.2023 - среда) и утре (04.05.2023 - четврток), по повод одбележувањето на 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Според потребите, утре за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосницата со ул.„Прохор Пчински“, а на 04.05.2023 (четврток) затворена за сообраќај ќе биде ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до бул.„Гоце Делчев“ во Скопје.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Ново на Сител
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола