Македонија
17. July 2015 - 19:39

Денеска е Рамазан Бајрам

Со утринска молитва во џамија, Ариф Даути од тетовското село Глоѓи заедно со неговите соселани го започна денешното празнување на Рамазан Бајрам. Потоа спроед обичаите, ги посетиле гробовите на нивните предци и на блиските, потоа прославувањето продолжи во нивните домови.  
 
После семејниот ручек, Даути бил на гости прво кај соседите а потоа и кај неговите роднини и пријатели а вечерва тој ги очекува да дојдат кај нив на традиционално благо. 
 
Денес во домот на семејството Даути ќе дојдат и соседите Македонци за да му честитаат Бајрам, затоа што и тој оди кај нив кога тие празнуваат.