Македонија
17. November 2017 - 17:24

Ден на предвремено родените - Битка која започнува со излегувањето од родилната сала

Радост, болка, страв, неизвесност...На 13 ноември пред осум години, Дени од Антена 5, предвреме во 28-та недела од бременоста ја родила Миа која тежела само 1250 грама. Далеку од родното место, во болница во Љубљана, два месеци  Дени и ќерката  ја воделе најголемата битка.

- Миа ми беше шесто ин витро. По многу голгота што ја поминавме, и од овде ама и јас барав да одам негде на сигурено. Беа близначиња но едното почина во утробата. Отидов на 6-ти ноември во Љубљана и по една недела се роди Миа, вели Даниела Станоевска Џидрова, водител во Антена 5.

Иако поминале 8 години, Дени вели дека се и е врежано во душата. Постојано бдеела над инкубаторот заедно со сопругот и го гледале своето мало и беспомошно бебе обвиткако во кабли и црева и избоцкано по рачињата и главата  како се бори за живот

- Првиот ден не ја видов, отидов ден подоцна во инкубаторот каде беше сместена. Не можам да ви опишам..беше како шише, многу мала. Кога ми ја ставија со методата кенгур тело на тело, не знам, бев многу среќна ..односно, измешани чувства, вели Дени.

Кога се вратиле дома ги чекала уште поголема неизвесност. Иако имале помош од најблиските, 6 месеци никој не смеел да ја земе Миа. Поминале многу непроспиени ноќи и стравувале како ќе биде...дали ќе прозбори, дали ќе оди, ќе напредува ли како врсниците...Дени постојано се консултирала и со мајки на предвремено родени деца.....

- До третата година е најтешко, постојано контроли на мозочето, како ќе биде, што ќе биде, зборував со многу такви мајки на предвреме родени деца и ми помагале со нивните приказни, вели Дени

Сега Миа веќе има 8 години и како што вели нејзината мајка е многу темпераментна и храбра третооделенка. Дени пред да ја добие ќерката имала неколку неуспешни ин витро оплодувања и голема желба за дете. Но вели животот е непредвидлив па пред 5 години по природен пат го родила и синот Максим. За жал истиот страв и неизвеснот ги преживела и со нејзината сестра која исто така била бремена со близнаци

- Се случи комплетно истиот случај. Исто како мене носеше близнаци, се породи предвреме исто какоп мене на 28 недела и 6 дена. Едното близначе почина ден птооа, сега ја имаме марија која е исто како Миа борбена, вели Дени

 Дени вели дека за нејзе ноември е посебно емотивен месец а предвремено родени дечиња секогаш ќе бидат мали херои кои извојувале најтешки битки.